ПОЧЕТНА Европски лиги Скандал во Грција – Олимпијакос го напушти мегданот поради судиите

Скандал во Грција – Олимпијакос го напушти мегданот поради судиите

сподели

Кога и да играат најголемите ривали во грчкото првенство, има проблеми, на или надвор од теренот.

Ждрепката ги спои во полуфиналето од Купот на Грција, па и таму најдоа причина за конфликт. Натпреварот не се доигра затоа што челниците и стручниот штаб на Олимпијакос не беа задоволни од судењето во првото полувреме.

По 20 минути игра резултатот беше 40:25 за Панатинаикос, а вториот дел воопшто не почна затоа што тимот од Пиреја не се појави на теренот. Најавена е жалба на судењето затоа што во првите 28 секунди од мечот им беа досудени три лични грешки (!?).

Аплицирајте веднаш за

„Не сакаме да бидеме дел од оваа фарса, вакво нешто не сакаме повеќе да прифатиме. Луѓето кои се на чело на овој спорт би требало да направат нешто во врска со ова“, изјави генералниот менаџер на Олимпијакос, Христос Ставропулос.

Поради ова Панатинаикос службено е прогласен за победник со 20:0 и се пласира во финалето каде го очекува дуел со ПАОК: