ПОЧЕТНА НБА Сите рекорди од последната вечер

Сите рекорди од последната вечер

сподели

Шампионот Голден Стејт победи против Чикаго со најголемата разлика во меѓусебната историја (+49), со резултат 143:94.

Стеф Кари има 6 четвртини со 25 или повеќе поени (26 во втората) што е единствен ваков учинок во последните 20 години. Пензионираниот Коби Брајант имаше 4 во споменатиот период.

Стеф Кари сам ги надигра Булс во вториот период, 26:21. За два поена го промаши личниот рекорд од 28 поени во еден период (два пати во 2015-та година, против Пеликанс и Хорнетс).

Аплицирајте веднаш за

Вориорс имаат 7 победи со +40 поени, во последните 4 сезони. Ниту една друга екипа нема повеќе од 2 вакви победи.

Леброн Џејмс имаше трипл-дабл со 27 поени, 16 скока и 13 асистенции во победата против Шарлот (100:99), со што сега Кралот има 25:1 против оваа франшиза, откако истата е во сопственост на Мајкл Џордан (2010 година).

Леброн има 21:0 во соочувањата со Кемба Вокер, што е единствен ваков учинок без пораз во меѓусебни дуели на двајца активни НБА играчи.

По одличната индивидуална претстава со 27 поени, 11 скока и 11 асистенции во поразот од Детроит (98:99), Расел Вестбрук има 6 трипл-дабл остварувања, а никој друг во НБА лигата нема повеќе од 2, сезонава.

Тери Розие оствари личен рекорд од 23 поени (од клупата) во победата на Бостон против Орландо (118:103). Кајри Ирвинг постигна 30 поени за 25 минути.