ПОЧЕТНА Балкански лиги СЕНЗАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА: Од Бубе ги боле мео!

СЕНЗАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА: Од Бубе ги боле мео!

сподели

Македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски постигна 9 поени во победата на Илирија на гости кај лидерот во словенечкиот шампионат, Приморска со 70:72.

Поразениот домаќин останува на врвот на табелата со 6 победи и 2 пораза по овој меч, Илирија останува на последното место (6) што води во втората фаза од словенечкиот шампионат (со 4 победи и 3 порази), но за овој натпревар останува и претставката „сензационален исход“.

kzs.si

Освен што беше трет стрелец кај неговата екипа, нашиот центар имаше и 5 скока, но воедно направи и 5 лични грешки од кои што повеќето во финишот на натпреварот, односно имаше 5 загубени топки кои што се резултат на неговото неискуство, кое што полека се губи.

Аплицирајте веднаш за

Според бројките во +/- соодносот кој што е највисок зад името на македонскиот интернационалец, евидентно е комплетното позитивно влијание на Љубомир Младеновски, во играта на овој натпревар.

„Ова е голема победа против најдобриот тим во нашата лига. Горд сум на моите играчи. Мислам дека сме најпријатното изненадување на стартот на новата сезона.“ – рече Саша Дончиќ, тренерот на Илирија, татко на Лука Дончиќ.