ПОЧЕТНА НБА Селтикс се враќаат во форма, Рокетс не сопираат

Селтикс се враќаат во форма, Рокетс не сопираат

сподели

Бостон не знае за пораз по паузата за Ол-Стар викендот, славеше против Шарлот со 134:106 со најмногу постигнати поени сезонава и најдобар процент на реализација по повеќе од 4 години (62.1 од поле, 60.0 за три поени, 93.3 за 1 поен). Кајри Ирвинг имаше 34 поени, стартерите на Селтикс играа само 3 четвртини.

Голден Стејт победи на 7-миот меч во последните 8 одиграни, со 101:109 против Вашингтон. Дјурант постигна 32 поена, Кари имаше 25, во мечот на кој што му претходеше посета на музај со деца наместо кај претседателот Доналд Трамп во Белата куќа.

Ентони Дејвис имаше 26 поени со 15 скока во триумфот на Њу Орлеанс против Сан Антонио со 116:121, а на спротивната страна Ламаркус Олдриџ го повреди скочниот зглоб на десната нога во првото полувреме.

Расел Вестбрук брзо го заборави својот втор меч со едноцифрен број поени сезонава, веќе на следниот постигнувајќи (20-ти натпревар сезонава со најмалку) 30 поени во победата на Оклахома кај Далас со 110:111.

Хјустон ја регистрира 14-та победа во низа, 92:105 кај Клиперс.

Резултати:

Детроит – Милвоки 110:87
Орландо – Торонто 104:117
Атланта – Индијана 107:102
Мемфис – Феникс 102:110