ПОЧЕТНА НБА Светот здивна, Јокиќ е во ред

Светот здивна, Јокиќ е во ред

сподели

Нема искрен љубител на кошарката и на спортот воопшто, што не сака да го гледа српскиот интернационалец Никола Јокиќ, како „танцува“ по НБА паркетите и со димензии на центар, прави што сака со топката, како да е плејмејкер.

По повредата на скочниот зглоб, снимките од магнетната резонанса биле негативни и покажале дека нема нарушување на структурата во зглобот, но сепак репрезентативецот на Србија ќе мора да паузира неколку натпревари со цел да го одмори повреденото место.