ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Рутина за Работнички, младите се изнаиграа

Рутина за Работнички, младите се изнаиграа

сподели

Второ коло и втора убедлива победа за актуелниот македонски кошаркарски шампион.

АВ Охрид помина со 50, а Пелистер со 39 поени разлика (95:56) иако можеше да биде многу полошо ако во текот на целиот меч Работнички играше во најсилниот состав.

Аплицирајте веднаш за

Но, токму одлуката на Докузовски да им даде шанса на помладите играчи е единствената добра работа од овој натпревар. Дамјан Крстевски на теренот помина 22, Славчо Темелковски речиси 20, Андреј Јордановски 11, а Андреа Деолски 10 минути. Секој од нив на свој начин покажа зошто е дел од најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.

Марјан Јанески со 22 поена беше најефикасен на теренот, Кирил Николовски беше најблиску до него од соиграчите со 17.

Кај Пелистер, новиот играч Билер постигна 19 поени, но изостана поддршката од клупата имајќи предвид дека “резервните” играчи реализираа само шест поени.