ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Парма прв противник на Работнички

Парма прв противник на Работнички

сподели

Најтрофејниот македонски клуб Работнички по 13 години се враќа во европските купови, а прв противник при кам-бекот ќе му биде Парма од Перм, Русија. Работнички оваа година се пријави за настап во ФИБА Европа купот.

Парма ја заврши минатата сезона како 13-пласирана во првенството, а стигна во полуфиналето од Купот на Русија. Тоа беше втора натпреварувачка кампања за клубот во елитната конкуренција, откако претходно настапуваше во Втората лига.

Првиот натпревар Работнички го игра како гостин на 20-ти септември, а реваншот е една недела подоцна во Скопје. Ако помине, нашиот клуб во второто квалификациско коло ќе се сретне со Ле Портел од Франција.

Во случај да ги помине двата квалификациски круга во ФИБА Еврокупот, 14-кратниот македонски првак ќе влезе во главната фаза, во која што ќе играат и 22 екипи кои што нема да обезбедат пласман во Лигата на шампионите на ФИБА.