ПОЧЕТНА НБА Рон Артест е тренер во Лејкерс, но силно поврзан со Њујорк

Рон Артест е тренер во Лејкерс, но силно поврзан со Њујорк

сподели
Рон Артест во дресот на Лејкерс (2009-2013) каде што освои 2 титули (2009 и 2010).

Некогашната ѕвезда на франшизата од ЛА е активен дел од тренерскиот кадар на најгламурозната екипа во историјата на НБА лигата, но воедно има силни конекции и со Никс.

Артест постојано организира хуманитарни настани во „Големото јаболко“, а следниот месец ќе организира кошаркарска клиника за момчиња и девојчиња во њујоршката населба Квинс, која што е неговото родно место (13.11.1979).

Рон Артест во дресот на Њујорк Никс (2013/14).

На овој настан, децата ќе имаат шанса да научат офанзивни и дефнзивни вештини, да научат како да се позиционираат на паркетот, но најверојатно Артест нема да биде присутен поради обврските со Лејкерс.