ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Репрезентативната колонија во Куманово

Репрезентативната колонија во Куманово

сподели
Бобан Стајиќ (лево) и Адем Мекиќ (десно)

Со доаѓањето на Бобан Стајиќ и Адем Мекиќ од редовите на МЗТ Скопје Аеродром, бројот на играчи кои што играле или играат за нашиот национален состав, а сега се членови на Куманово, се зголеми на една цела петорка и една замена.

Александар Штерјов (лево) и Марјан Јанески (десно)

Освен споменатите две засилувања, во претквалификациите за ЕП настапува Димитар Караџовски, во летните претквалификации за СП играше Марјан Јанески, а поранешни репрезентативци се Никола Караколев и Александар Штерјов.

Никола Караколев (фронтално) и Димитар Караџовски (во позадина)

Во овој состав, Стајиќ, Караџовски, Мекиќ и Караколев би играле на ниските позиции, а Јанески и Штерјов на позициите под кошот. Еден од првите четворица споменати, ќе биде замена, сигурно ќе се договорат меѓу себе кој ќе ја има таа улога (се шегуваме, нормално).

Младен Давидовиќ (в.д. претседател на КК Куманово)
Аплицирајте веднаш за

Новата раководна гарнитура на Куманово полека ги остварува најавите, а тоа е се посилна „македонизација“ на ростерот и ориентирање кон создавање наши кошаркари, од помладите категории, кои што подоцна би го носеле дресот на А националниот состав.