ПОЧЕТНА А Репрезентација РАМПА: Каде бе ти преку Бубе?

РАМПА: Каде бе ти преку Бубе?

сподели
fiba.basketball

Првпат влезе во игра на +4 за нас, но во моментите кога Косово почна да ја топи двоцифрената позитива што ја имавме.

Прва помисла – Јоцо, каде сега го пушташ Бубе? Одговор – „банана„ за насловна, топката отиде во помошната сала, а Младеновски одигра како никогаш претходно.

fiba.basketball

Додека Морина ја бараше топката по трибините, Љубомир Младеновски одработе 15 минути со 9 поени, 4/6 за два и 1/1 од линијата за слободни.

Аплицирајте веднаш за

Имаше 5 скока, само една загубена топка, споменатата блокада и валоризација 12, што беше учинок меѓу петте двоцифрени во нашиот состав.

fiba.basketball

Зборуваме за играч кој што не добиваше шанса во минатото, ниту во клубовите, ниту во репрезентацијата. Годината помината во Словенија кај тренерот Саша Дончиќ, таткото на Лука, си го направи своето.

Но, една ластовичка не значи пролет. Бубе, ти си нашата 5-ка што ни недостасува долги години, но мора да го повториш истото и против Романците!