Адам Таталовиќ, асистентот на селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ покренал хуманитарна акција за помош на еден рудар од едно српско село, кој што останал инвалид возејќи скутер, паѓајќи од него затоа што не сакал да прегази мачка која што му излегла на патот.
Таталовиќ возел накај манастирот Студеница и ја забележал малечката ќерка која што го туркала таткото „узбрдо“.
Сакал да ги превезе двајцата со автомобилот, но бил одбиен, се вратил уште еднаш и повторно бил одбиен. Потоа објавил на Инстаграм, по што реагирала хуманитарната организација „28 јуни“. Семејството било лоцирано и била купена електрична инвалидска количка.
Целото семејство, трите деца и сопругата, заедно со Радојица, живеат од неговата инвалидска пензија. Тој се надева дека еден ден повторно ќе прооди, затоа што при масажите чувствува нешто, а тоа значи дека нервните завршетоци не се комплетно уништени.
Не е важно кој си и од каде си, важно е понекогаш да правиме добри дела, за некои луѓе и малку значи многу во животот, истакна Таталовиќ (кој што по потекло е Србин, но не зборува најдобро Српски) во интервјуто за српскиот медиум Б92.
(преземено од B92.net)