ПОЧЕТНА Во позадина ПРИКАЗНАТА ПРОДОЛЖУВА – ФЕМИЛИ СЕ ВРАЌА НА ТРИБИНА!!!

ПРИКАЗНАТА ПРОДОЛЖУВА – ФЕМИЛИ СЕ ВРАЌА НА ТРИБИНА!!!

сподели

Две ипол години како започна нашиот бојкот, две ипол години како нашиот МЗТ Скопје се мачи без наша поддршка. Две ипол години во кои, иако бојкотиравме и не присуствувавме на утакмици, сепак не бевме неактивни. се боревме храбро, со цело срце за нашиот клуб.

Победивме!

Аплицирајте веднаш за

Иако не беше без жртви, сепак победата со старата управа е наша. Изминатиот период се шпекулираше што ќе биде со ФА, дали ќе се навива, кога ќе се враќаат, што чекаат? Разни портали дури и предвидуваа датум за нашиот камбек. Иако сето тоа беа празни муабети, времето дојде…

10.12.2017 МЗТ СКОПЈЕ – МОРНАР

Денот кога Аеродром се враќа каде што му е место. Денот кога на сите заспани навивачи им е време да се разбудат и да се вратат на патот кој го оделе цел живот. Денот кога цел Аеродром ќе биде на нозе.

Денот кога ништо повеќе нема да биде важно освен МЗТ Скопје. Денот кога сите заедно го враќаме сјајот на нашиот клуб. Денот кога ќе покажеме за кого чука нашето срце.

ДЕНОТ КОГА СЕ ВРАЌАМЕ НА ТРИБИНА!!!