ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прв FIBA 3X3 SATELLITE турнир во Македонија

Прв FIBA 3X3 SATELLITE турнир во Македонија

сподели

Во изминатите неколку години ширум светот, 3х3 баскетот зема сè поголем замав кога станува збор за популарноста на овој спорт. Здружението „3×3 Macedonia“  го прифати предизвикот за популаризација на овој спорт и во границите на нашата земја, па во претходните 365 дена интензивно ’работеше на случајот’.

На територијата на Македонија беа одржани неколку FIBA Endorsed турнири, за сениори и за млади, а кон средината на месец јуни почна и премиерната MKD Tour – лига. Лигата ја имаше својата премиера пред речиси еден месец в Скопје, а турнејата продолжува во Охрид…

На 21 и 22 јули, во центарот на Охрид ќе се одржи вториот планиран турнир оваа година и тоа не каков било турнир туку FIBA Endorsed SATELLITE!

Аплицирајте веднаш за

Турнирот ќе биде од меѓународен карактер, а веќе неколку екипи од Европа го пријавија своето учество! Освојувачите на првото место ќе добијат 2.000 евра парична награда како и место (slot) на Challenger-от кој ќе се одржи во Љубљана (17. и 18. август) додека второпласираната екипа ќе освои само парична награда во висина од 1.000 евра.

Дополнителни информации и пријавување на info@3x3macedonia.mk
Линк до play.fiba настан -> ТУКА!
Линк до play.fiba Ljubljana Challenger -> ТУКА!

 

(Преземено од МКФ)