ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Последниот мохиканец го напушти МЗТ

Последниот мохиканец го напушти МЗТ

сподели
фото: МЗТ Скопје

И Лестер Медфорд официјално нема да биде член на македонскиот шампион во новата сезона.

Тој ги договори условите со првакот на Летонија, ВЕФ Рига чиј дрес ќе го носи претстојната сезона.

Медфорд беше еден од најдобрите играчи на МЗТ Скопје и меѓу најзаслужните за седмата титула на клубот. Просечно постигнуваше по 8,8 поени, 3,6 скока и 2,5 асистенции по натпревар.

Медфорд е последен од странците кој го напушти тимот од Аеродром и најде нова средина. Вудард замина во германскиот Бајројт, Иванов се врати во Задар, а Бојиќ во романскиот Волунтари.