ПОЧЕТНА НБА Порзингис се повреди, повратникот Кантер го замени

Порзингис се повреди, повратникот Кантер го замени

сподели

Турскиот интернационалец постигна 22 поена, имаше и 14 скока во победата на Њујорк против Мајами со 115:86. Летонецот го истегна десниот скочен зглоб по само 2:30 минути игра и го напушти теренот.

Енес Кантер пропушти три натпревари поради болки во грбот, но се врати во форма кога Никс останаа без водечкиот стрелец сезонава. Кели Олиник постигна 18 поени за Хит, кои што имаа 6 победи на претходните 6 гостувања во Медисон Сквер Гарден.