ПОЧЕТНА А Репрезентација ПОДГОТВЕНИ ЗА НАТО: Дамјан хаубицата!

ПОДГОТВЕНИ ЗА НАТО: Дамјан хаубицата!

сподели
fiba.basketball

Македонија има оружје да му се спротивстави на секој противник, да победи секого или да не дозволи лесно да биде совладана.

Тоа оружје се вика Дамјан Стојановски, кога е на врвот на неговата форма, а НАТО во овој контекст е – некогаш ако тргне опаку. Пргав и во нападот и во одбраната, за него нема загубена топка или невозможен шут.

Близнакот што остана во Македонија, на кој што повредите му ја ускратија можноста во светски рамки да покаже колку навистина знае кошарка, беше нашиот феникс во Приштина.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Погоди 5 тројки во 8 обиди, од кои две на почетокот кога поведовме 2:12 во првите три-четири минути, кога сфативме дека може да му се реваншираме на домаќинот за поразот претходното лето, во претквалификациите за СП.

Дамјан одигра скоро 27 минути, можеби ќе играше уште, но имаше проблеми со личните грешки. На крајот, тој го кажа своето и имаше втора валоризација со 18 индексни поени, зад 20-ките на Бојан Трајковски и Стојан Ѓуроски, кои што беа највисоки оценки во нашиот состав.

Најважна во неговата игра беше неговата ладнокрвност, односно егзекуцијата во моментите кога противникот ќе се залеташе.

Имаше и 4 скока со 2 украдени топки, без ниту една загубена. Тоа е карактеристика само на големите играчи.

А, ти, Дамјане, за нас си токму тоа – еден од лидерите!