ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Петти обид, прва победа на Куманово пред своите навивачи

Петти обид, прва победа на Куманово пред своите навивачи

сподели

Куманово, конечно, го скрши мразот кога станува збор за победите на домашен терен.

Дури во петтиот обид кумановци дојдоа до првиот триумф совладувајќи го Пелистер со 93:73. Предводен од двете нови засилувања Мекиќ и Стајиќ, тимот на Куманово ја најде својата игра и најави поубави денови во домашното првенство откако веќе се откажа од БИБЛ лигата.

Аплицирајте веднаш за

Доминацијата на Куманово почна уште од потфрлањето на топката. За неполни три минути домашните кошаркари водеа со 10:0, а во тие рамки се движеше разликата до 15. минута кога со шест врзани поени Куманово поведе со 39:25.

Пелистер само на момени можеше да парира, но кога по три четвртини резултатот беше 71:45, остана само прашањето околу конечниот резултат. Во финишот кумановци малку се опуштија, па Пелистер успеа да намали нешто од високата негатива.

Токму Мекиќ и Стајиќ со по 19 поени беа најефикасни во тимот на Куманово и потврдија дека им недостасувала само малку поголема минутажа да покажат што знаат. Кај Пелистер, Луис Роберт постигна 16 поени.