ПОЧЕТНА Евролига ПЕРО ЗА ТРОЈКАТА: Го тренирав ова многу пати!!!

ПЕРО ЗА ТРОЈКАТА: Го тренирав ова многу пати!!!

сподели

Македонскиот интернационалец е топ тема во сите кошаркарски медиуми ширум Европа, по фамозната тројка што ја погоди на крајот на мечот во Мадрид, во првата победа на Црвена звезда во шпанската престолнина.

„Сега сите велат дека сум херој. Да промашев, ќе бев трагичар. Среќен сум што топката влезе во кошот. Го тренирав ова многу пати и среќен сум што погодив. Ова беше прекрасна победа над неверојатен противник.“

Според Антиќ, еден момент не го решава натпреварот.

„Кошарката е тимски спорт. Сите треба да придонесуваме за резултатите. Не е се во поентирањето. Треба да играме одбрана. Понекогаш човек треба и да викне, не во лош контекст, туку да се крене екипата. Сакам да играм тимски и го сакам овој спорт.“

Звезда има само три победи во 10 меча, но знае да одигра маестрално.

„Мора да продолжиме да растеме, да играме меч по меч. Ова е голема победа и доказ дека сме работеле напорно во минатиот период. Можеме да играме против сите, па и против најдобрите.“

Аплицирајте веднаш за

За дресот со автограм од словенечкото чудо од дете и честитките веднаш по натпреварот.

„И мојот син се вика Лука, а Дончиќ му е идол. Го почитувам и мислам дека за неколку години Словенецот ќе биде најдобриот играч во Европа.“

(Интервјуто е преземено од eurohoops.net)