ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пелистер со два играча немоќен против колективот на Куманово

Пелистер со два играча немоќен против колективот на Куманово

сподели

Составот на Александар Петровиќ без поголеми проблеми дојде до четвртата победа во првенството

На гостувањето кај Пелистер славеше со 67:87 и ја прекина серијата од два пораза доживеани во дуелите со Работнички и Кожув.

Аплицирајте веднаш за

Кумановчани триумфираа затоа што излегоа како тим и функционираа така во текот на сите 40 минути. Почнаа со 0:17, првиот кош го примија во шестата минута, а во осмата водеа и со 19 разлика (26:7). Уште тогаш беше јасно дека победата ќе и припадне на гостинската екипа.

Тајрон Херис и Габриел Билер беа единствените во тимот на Пелистер кои се обидуваа да направат нешто. Заедно постигнаа 49 од вкупно 67 поени на својот тим, нападите на битолчани најчесто одеа преку нив, но двајцата не можеа многу против колективот на Куманово.

Во него петмина кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект, Пенов оствари дабл-дабл со 10 поени и 11 скока, а Мекиќ беше на прагот бидејќи му недостасуваше еден скок.