ПОЧЕТНА Евролига Панатинаикос е во најдобра форма од сите екипи во Евролигата

Панатинаикос е во најдобра форма од сите екипи во Евролигата

сподели

Од екипа со негативен биланс, Панатинаикос за еден месец дојде на делба на третата позиција на табелата во Евролигата.

Победата против Уникаха со 82:71 беше петта по ред за атинскиот тим и со неа ПАО е екипа во најдобра форма во елитното натпреварување. Уникаха беше одличен ривал, во третата минута од последната четвртина се наоѓаше во водство од 58:57, но тогаш дојде пресвртот.

Аплицирајте веднаш за

Со серија од 11:0, Панатинаикос дојде до двоцифрена предност (68:58) и во преостанатиот дел од натпреварот не му дозволи на противникот да се доближи на помалку од пет поени разлика.

Џејмс Гист, Ник Калатес и Кеј Си Риверс беа играчите што го однесоа Панатинаикос до победата. На спротивната страна се истакнаа Србите, Недовиќ и Милосављевиќ, но недоволно за победа.