ПОЧЕТНА Избор на уредникот Паметни сме, убави, слатки ко бонбони!!!

Паметни сме, убави, слатки ко бонбони!!!

сподели

На човек никако не може да му се разјасни дилемата како е можно, кога игра еден А национален состав на твојата земја, па згора на тоа и кога влезот е бесплатен, да не биде исполнета салата до последното место. Да се собереа само луѓето од околните 10 згради кои што се во радиус од 300 метри, трибините во СЦ „Јане Сандански“ ќе беа исполнети.

Кошаркарите не биле добри, па затоа не ги гледаме. Демек сите ние сме светски шампиони во нашето секојдневие. Море, резил!!!

За ова ќе дискутираме повторно, а сега ќе се осврнеме на она што го имаме и со она што може да се ФАЛИМЕ, со големи букви. На фотографиите има и еден „залутан“ репрезентативец (меѓу убавиците), кој што игра се подобро во секој нов нареден натпревар во својот нов клуб.