ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Охриѓани повторно доцна се разбудија

Охриѓани повторно доцна се разбудија

сподели

Шесто коло е од Првата македонска кошаркарска лига, а минатосезонскиот суперлигаш АВ Охрид уште ја чека првата победа.

Во претходниот круг испушти сензација во дуелот со МЗТ Скопје, а во овој на сличен начин загуби од Фени Индустри со 86:81.

Аплицирајте веднаш за

Сличен затоа што три четвртини беа во подредена состојба, на крајот од третиот период имаа 14 поени негатива (70:56) и се чинеше дека немаат никакви шанси да дојдат до првиот триумф во сезоната.

Но, последните десет минути ситуацијата тотално се промени. АВ Охрид влезе со серија од 11:2 за само -5, Фени го издржа ударот, но следуваше уште еден од 8:1 и на 68 секунди пред крајот резултатот беше 80:79 за домашниот тим.

Но, охриѓани немаа сила за последниот чекор иако Фени им даде неколку шанси. Фандербург во два наврата погоди само по едно слободно фрлање, но прво Милојевиќ, а потоа и Зафиров промашија отворени шутеви, па Мајер со четири „пенали“ во низа стави точка на мечот.

Главниот товар го понесе почетната петорка на Фени која постигна 81 од вкупно 86 поени. Петровски и Бакоч реализираа по 20 поени, а двајцата, заедно со Мајер имаа дабл-дабл.

Кај АВ Охрид, Крег постигна 16 поени, а Младеновиќ имаше 14 со 10 асистенции.