ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО: Стајиќ е нов член на Куманово!

ОФИЦИЈАЛНО: Стајиќ е нов член на Куманово!

сподели

Репрезентативниот плејмејкер Бобан Стајиќ официјално е нов играч на екипата, што полека комплетно се „македонизира“.

По долги преговори, тој потпиша договор до крајот на идната сезона и повторно ќе игра во тандем со својот поранешен соиграч од МЗТ Скопје, Адем Мекиќ.

За Стајиќ беа заинтересирани уште неколку македонски прволигаши, но Куманово остана најупорен и најконкретен и успеа да го донесе во своите редови.

Втората „дружба“ на Стајиќ со шампионот траеше само три месеци

„Сметам дека Куманово е одлична средина за напредок во мојата кариерата. Во овој клуб има група одлични кошаркари, предводена од тренерот Александар Петровиќ.

Повторно ќе бидам заедно со Адем Мекиќ, со кого можеме одлично да се вклопиме во тимот.

Со нетрпение го очекувам моето деби, пред публиката која што е една од најдобрите во Македонија.“ – изјави Бобан Стајиќ за basketball.mk, веднаш по потпишувањето на договорот.

Аплицирајте веднаш за

За 24-годишниот плејмејкер, екипата на Куманово ќе биде четвртиот македонски прволигашки клуб, во неговата професионалната кошаркарска кариера.

Професионално почна да игра во Лирија на 18 години, потоа замина во МЗТ Скопје, па во Фени Индустри, по што се врати во Аеродром, но таму остана само три месеци.

Куманово доби големо засилување на плејмејкерската позиција.

Во меѓувреме, Бобан Стајиќ стана стандарден репрезентативец и од натпревар во натпревар бележи се подобри настапи во националниот тим.

Кулминација беше последниот меч против Швајцарија на кој што постигна 11 поени, имаше три асистенции и две украдени топки.

Дебито во новиот клуб, Стајиќ ќе го има на натпреварот против Пелистер во кој што Куманово ќе ја брка првата победа на домашен терен оваа сезона.