ПОЧЕТНА Интернационалци Оваа сезона ќе биде на Нено

Оваа сезона ќе биде на Нено

сподели
фото: DIVINA SEGUROS JOVENTUT

Еден од најголемите таленти на македонското кошаркарско небо со душа го очекува стартот на шпанското првенство.

Периодот на адаптација помина, од 20-годишниот плејмејкер веќе се очекува да преземе поголема одговорност и да ги оправда сите комплименти кои ги доби од влијателни стручњаци последните години. Тој не бега од тоа, напротив, покажува дека поседува потенцијал и квалитет за највисоки дострели.

фото: DIVINA SEGUROS
JOVENTUT

Ако се суди според најавата, оваа сезона треба да помине во знакот на Нено Димитријевиќ. Неговиот Хувентуд играше подготвителен натпревар против Мурсија, победи со 104:77, а нашиот кошаркар беше еден од најдобрите на теренот.

Аплицирајте веднаш за

За 19 минути на теренот постигна 13 поени (2/2 за три, 3/5 за два, 1/3 слободни фрлања), три скока и три асистенции. Повеќе поени од него (26) имаше само речиси перфектниот Доусон кој од поле погоди 10/10, а промаши само еден обид од линијата за слободни фрлања.

Ако минатата сезона на голем број натпревари едвај се појавуваше на теренот или остануваше на клупата, Димитријевиќ на овие подготвителни натпревари речиси постојано добива меѓу 17 и 20 минути на теренот. Како ќе поминува времето се очекува минутажата да се зголемува бидејќи напредува во сите параметри и жестоко се бори за своето место во екипата.

Првенството во Шпанија, односно АЦБ лигата стартува на 27 септември. Три дена подоцна Хувентуд го игра својот прв натпревар, против Бреоган на гостински терен.