ПОЧЕТНА А Репрезентација Објавен списокот на репрезентативците, за мисијата Романија

Објавен списокот на репрезентативците, за мисијата Романија

сподели

Сениорската репрезентација во машка конкуренција, ќе го одигра последниот натпревар во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Мечот е закажан во спортската сала во градот Плоешти, на 21-ви февруари со почеток во 19:00 часот.

Предводникот на оваа национална селекција, Јорданчо Давитков излезе со списокот на кошаркари кои треба да се појават на првата прозивка.

Аплицирајте веднаш за

Првата средба на репрезентацијата е закажана на 16-ти февруари, во 17:00 часот во малата сала при СЦ Јане Сандански.

Повикани репрезентативци:

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс