ПОЧЕТНА НБА Не се закачај со Гасол, можеш да „леташ“!

Не се закачај со Гасол, можеш да „леташ“!

сподели

Досегашниот тренер на Мемфис Гризлис, Дејвид Физдејл доби отказ од својата функција.

Мемфис доживеа порази на 11 од последните 13 натпревари во НБА лигата, но тоа не беше главната причина за раскинот на соработката со Физдејл. На тренерот, како што тврдат американските медиуми, му „пресуди“ Марк Гасол, односно несогласувањата со него за време на натпреварот со Бруклин.

Аплицирајте веднаш за

На тој меч Гасол ја преседе цела последна четвртина, а по него јавно го искажа своето незадоволство. Очигледно дека тоа не му се допаднало на генералниот менаџер Крис Волис кој го отпушти Физдејл, инаку еден од најталентираните тренери во лигата.

По 19 одиграни натпревари, Мемфис има седум победи и 12 порази.