ПОЧЕТНА ФИБА Не ли ви е жал, барем за нив да одигравте

Не ли ви е жал, барем за нив да одигравте

сподели
FIBA

Хрватите загубија и во вториот натпревар во квалификациската група, за пласман на СП 2019. Италија се радуваше со убедливи 64:80, на теренот на Коцкестите.

Хрватска играше без НБА и Евролига ѕвездите, но и Италија играше без најдобрите. Ако го прочитаме составот на Аѕурите, само името Џентиле значи нешто, но потенцијалот на Алесандро никогаш не го доживеа нивото на неговиот татко Фердинандо.

Ивица Скелин (FIBA)

Селекторот Ивица Скелин има огромни проблеми со составување на екипа, што ќе игра кошарка и што може да го понесе товарот на „името на дресот“.

Аплицирајте веднаш за

Иако долги години нема медал, по фамозното напуштање на европскиот пиедестал со бронзата во 1995-та, сепак оваа некогашна југословенска република постојано продуцира квалитетни кошаркари.

Италија и се радува на победата кај Хрватска (FIBA).

Првите три селекции од овој квалификациски филтер на ФИБА одат понатаму, во следниот, но Хрватска е на дното на табелата во групата.

Освен Италијанците кои што сега се издвојуваат како фаворити за првото место, двете други селекции покажаа дека нема да бидат спотер, туку напротив, ќе се борат за свое место под сонцето.

Холандија веќе ја совлада Хрватска (68:61), а Романија гостува во следниот меч, кој што може да биде круцијален за конечниот поредок во ова друштво. На Романците им одговара што прво гостуваат, па потоа играат дома со Хрватска.

Распоред на Хрватите:

23.02.2018 Хрватска - Романија
26.02.2018 Хрватска - Холандија
28.06.2018 Италија - Хрватска
01.07.2018 Романија - Хрватска

Може да се случи Хрватска и со една победа да оди понатаму, но само ако Холандија и Хрватите загубат се до крај, а Коцкестите бидат подобри во меѓусебниот дуел, односно имаат подобра кош разлика.

Иако е рано за прогнози, останува констатацијата дека Хрватска требаше да одигра подобро во првите два натпревара, барем за публиката која што не е научена да губи. Барем не, во квалификации.