ПОЧЕТНА Други лиги НЕМА ВАУЧЕР, НЕМА КОШАРКА: Дали тие се сирачиња?

НЕМА ВАУЧЕР, НЕМА КОШАРКА: Дали тие се сирачиња?

сподели
Второлигашките натпревари често ги полнат салите, затоа што публиката ги чувствува како свои играчите кои што настапуваат во овие екипи. Прволигашите што ги полнат салите, се бројат на еден до два прста, а натпреварите со полн капацитет се бројат во просек на половина прст.

Со рекорден број присутни претставници на второлигашките клубови, на заеднички состанок во просториите на КФСМ беше заклучено дека второлигашите нема да играат кошарка, ако не се направи ревизија на поделбата на ваучерите за спонзорства.

Тие се исклучени од спортскиот колач што треба да им овозможи на компаниите, наместо во државната каса, од данокот на добивка да поделат на спортските колективи кои што ги исполнуваат условите и критериумите поставени од страна на државата.

Второлигашите ја потпишаа петицијата под мотото „Нема ваучер, нема кошарка“, а зад нив стои и нашата Федерација, како нивна матична организација.

„Почитувани, крајно сме разочарани од нефер селекцијата и распределбата на проектот Спортски ваучер, кој што по шестмесечно одложување и три пати променети критериуми, ги изостави екипите од Втората лига мажи.

Наместо да ги стимулирате екипите и школите кои што го креираат кошаркарскиот производ (играчите), решивте непрофесионално и тотално тенденциозно по веќе познатата популистичка мерка, сретставата од граѓаните на државата да завршат кај веќе помогнатите од општините големи клубови.

Веруваме дека целата мерка е еден ненамерен пропуст, кој во најското време ќе биде исправен, во спротивно ризикуваме згаснување на две третити од Второлигашките и Младинските клубови во РСМ.“

Петицијата ќе биде доставена до министерството за финансии, до Агенцијата за млади и спорт и до Владата на Македонија.

НАШ ЗАКЛУЧОК:

Оние што го подготвиле Законот, треба сериозно да стават прст на чело.

Во пониските лиги се произведуваат домашни играчи, таму игра нашата идинина, како што видовме на У18 и на другите завршници во македонската кошарка.

Во премиерните натпреварувања ни се случува некогаш да нема ниту еден наш играч на теренот, а оние што ги гледаме да се далеку од нивото што сакаме да го видиме кај нас.

Момент од У18 полуфиналето меѓу МЗТ Скопје и Работнички, во Градски парк.

Финансиите од македонските граѓани се одлеваат во туѓи џебови на скапоплатени и слабоквалитетни странци, кои што не придонесуваат за развојот на македонскиот спорт, за што се разбира не се виновни странците туку чинителите на спортот во нашата земја.

НА ОВОЈ ТРЕНД ТРЕБА ДА МУ СЕ СТАВИ КРАЈ, АКО САКАМЕ ДОБАР РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СПОРТ И ДОБРИ КЛУБОВИ! МАКЕДОНСКИТЕ ИГРАЧИ ТРЕБА ДА БИДАТ ОСНОВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ!!!