ПОЧЕТНА Евролига На Теодор не му пречи што не игра за Македонија, Химки стави...

На Теодор не му пречи што не игра за Македонија, Химки стави крај на поразите

сподели
euroleague.net

Нашиот Американец повторно беше најдобар поединец на екипата од градот на модата, со што потврди дека е во одлична форма и во поразот на Олимпија кај Анадолу Ефес, 73:68.

Џордан Теодор постигна 15 поени, колку што имаше и српскиот интернационалец Владимир Мицов, а подобар стрелец од нив беше само другиот Србин што се појави на паркетот, но во дресот на турската екипа, Владимир Штимац со 19 поени.

euroleague.net

Ефес ја забележа првата домашна победа сезонава, одлична последна четвртина имаше Ерик МекКолум кој што во последните 10 минути постигна 13 поени од вкупно 15, а претходно погоди за 2 во последната минута од третиот период.

Аплицирајте веднаш за

Двете екипи сега имаат по 3 победи и 7 порази и се наоѓаат во долниот дел на табелата. Во следното коло Ефес гостува кај Перо Антиќ и Црвена звезда, а Олимпија во Милано игра со Химки.

euroleague.net

Руската екипа ја прекина серијата од три порази, совладувајќи го гостинот од Германија со 83:73. Химки сега има 6 победи и 4 порази, а Бросе остана на 5 победи со 5 порази.

Очекувано, Алексеј Швед го предводеше победникот со 26 поени, а во редовите на Бросе се истакна Рики Хикман со 21 поен. Во следното коло Германците играат дома, со уште една руска екипа, ЦСКА Москва.