ПОЧЕТНА Евролига На Звезда, сезонава и е џабе и Антиќ и се!!!

На Звезда, сезонава и е џабе и Антиќ и се!!!

сподели
hotsport.rs

Црвено-белите минатата сезона во Евролига не само што ја полнеа салата, односно салите каде што настапуваа, туку беа и конкурентни за пласман во елиминациите се до последниот натпревар.

Во годината кога завршниот турнир се игра во Белград, сите симпатизери на регионалниот и српски шампион, помислија дека ова е тоа, конечно ќе го видат својот клуб меѓу најдобрите 4 каде што, особено на домашен терен, се е можно.

Не само што се излажаа, туку беа и во право кога се плашеа за квалитетот на екипата во тековното првенство.

Екипата на Црвена звезда која што минатата сезона победуваше секого! (фото: euroleague.net)
Аплицирајте веднаш за

Странските засилувања не се на нивото од претходните 2 сезони, единствено Перо Антиќ им е сраснат за срцата на искрените љубители на Црвена звезда и единствено тој и (староседелецот) Милко Бјелица нешто играат.

Тоа се одразува на посетеноста на натпреварите.

Во Пионир, односно „Александар Николиќ“, Звезда продава по 74.7% од капацитетот, а во „Арена“ прескромни 44.9% од местата на трибините. Најдобар просек има Панатинаикос, а Бамберг е единствената екипа што ги распродаде сите 5 натпревари на домашен терен.

Посета на натпреварите во Евролига:

Панатинаикос 12.029 гледачи по натпревар, 63.4%
Жалгирис 11.516, 74%
Фенербахче 11.382, 87.2%
Басконија 10.981, 70.8%
Макаби 10.762, 97.3%
Реал Мадрид 9.222, 61.5%
Црвена звезда 7.828, 44.95% Арена и 74.7% АН

На последната позиција на оваа табела од 16 екипи е Барселона, со 5.356 гледачи по натпревар, односно 70.6% пополнетост на „Блауграна“ за натпреварите од Евролига во тековната сезона.