ПОЧЕТНА Евролига Може ли Пeро до историја?

Може ли Пeро до историја?

сподели
hotsport.rs

Црвена звезда му гостува на Кралскиот клуб во рамките на 10-то коло во елитната европска лига. Домаќинот ќе се обиде да ја продолжи победничката низа, а гостинот да ја прекине негативната.

Звезда има две победи во последните три соочувања со Реал, но српската екипа никогаш не се радувала во Мадрид.

Тоа ќе биде најголемиот предизвик за Македонецот и за останатите членови на регионалниот шампион, да се обидат да триумфираат за прв пат, на паркетот каде што никој пред нив не успеал во тоа.

Од дуелите на Реал и Звезда во Мадрид (euroleague.net).
Аплицирајте веднаш за

Куриозитетно, двата тима имаат по 5 победи на последните 10 натпревари, комбинирано во „домашните“ првенства и Евролига.

На црвено-белите им го броиме натпреварувањето во АБА лигата како домашно, затоа што тоа е лигата од која што Црвена звезда избори пласман за настап во елитното натпреварување.

rezultati.com

Во последните 10 соочувања меѓу овие два тима, Реал Мадрид има 7 победи. Звезда во моментов има 5 порази по ред во Евролига, не знае за победа од триумфот против Макаби во Белград.

Но, и домаќините не се најсјајни, затоа што имаат по 3 победи и порази на последните 6 натпревари.

Од дуелите на Звезда и Реал во Белград (euroleague.net).

Кралската екипа е без (најдобрите) центри, откако ги загуби поради повреди Ајон, Рендолф и Кузмиќ. Гостите немаат тешка 5-ка, што значи ќе гледаме брза и ефективна кошарка.

Евентуален проблем за тимот на нашиот северен сосед, ќе биде податокот што тоа е екипата со втор најлош поентерски учинок (73.8 ппн), додека најтрофејната европска екипа е втора најдобра според постигнатите поени (84.9 ппн).

Екипата на Црвена звезда сезонава (euroleague.net).

Тејлор Рочести, Џејмс Фелдин и капитенот Бранко Лазиќ се главното дефанзивно трио на Црвена звезда, кои што заедно со Перо Антиќ и Милко Бјелица ја сочинуваат најдобрата петорка што ја имаат белграѓаните, сезонава.

Бјелица и Рочести се трошат и во нападот, а нашиот интернационалец „е во години“, па прашање е колку ќе издржат во пеколното темпо што сигурно ќе го наметнат „тинејџерот“ Лука Дончиќ и соиграчите.

Дулеот се игра од 21:00 часот, последен во 10-то коло.