ПОЧЕТНА Младински лиги Јуниорите на МЗТ Скопје со пораз го завршија настапот во АБА лигата

Јуниорите на МЗТ Скопје со пораз го завршија настапот во АБА лигата

сподели

МЗТ Скопје со пораз и четврто место во групата ги заврши настапите во инаугуралното издание од јуниорската АБА лига.

Никој не очекуваше изненадување против најголемиот фаворит Црвена Звезда, па во однос на поразите од Цибона и Мега Бемакс, овие 76:95 не изгледаат толку ужасно. Можеше да биде многу полоши бидејќи по првите 20 минути, “црвено-белите” водеа со 58:30.

Аплицирајте веднаш за

Во второто полувреме кошаркарите на Звезда се опуштија и тоа го искористија нашите играчи за да го направат поразот поподнослив.

За разлика од претходните натпревари, сега блесна Трсунов кој постигна 20 поени, но имаше и седум загубени топки. Веднаш зад него заврши Крстевски со 19 поени со шут за три 2/11.

Кај Црвена Звезда никој не отскокна, но сите имаа придонес во победата. Најефикасни беа Пауновиќ и Симовиќ со по 12 поени.

На крајот, МЗТ Скопје го освои четвртото место во својата група. Пласман на завршниот турнир од групата А обезбедија Црвена Звезда и Мега Бемакс, а од другата група натаму одат Игокеа и Будуќност.