ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Младите „соколи“ лесен плен за Блокотехна

Младите „соколи“ лесен плен за Блокотехна

сподели

Карпош Соколи уште не се предава, но нема сили да им се спротивстави на посилните екипи во домашното првенство.

Откако си заминаа сите стандардни првотимци, актуелниот освојувач на Купот на Македонија ќе игра со младинците од клубот.

Аплицирајте веднаш за

Прв противник им беше екипата на Блокотехна, која, како формален гостин во својата сала во Гевгелија славеше со 84:50.

И пред натпреварот се знаеше како ќе се одвива текот на оваа средба. Блокотехна поведе со 6:0, со 15:2, потоа со 21:4, а пред крајот на првата четвртина стигна до +22 (30:8).

Во третиот период предноста се искачи на 44 поени разлика (64:20), по што Блокотехна го намали темпото и му даде можност на противникот да ја намали високата негатива.

Богдановски и Атанасов се истакнаа во тимот на Карпош Соколи со 17, односно 16 поени.

Блокотехна ја предводеше Колев, кој доби 40 минути за да покаже што знае.