ПОЧЕТНА Женска кошарка Младите „баделки“ со две победи на вториот турнир од ВАБА лигата

Младите „баделки“ со две победи на вториот турнир од ВАБА лигата

сподели

Кадетската екипа на Бадел 1862 (М17) со две победи го завршија вториот турнир од ВАБА лигата, прв од двата планирани во Скопје.

Нашите млади кошаркари прво ја совладаа Славија Софија со 80:68, а потоа и Загреб со 65:59.

Првиот меч почна лошо за Бадел 1862, по првата четвртина противникот водеше со 24:14. Сепак, во продолжение се одеше на страна на македонскиот претставник во регионалното натпреварување за на крајот да дојде до убедлива победа.

Аплицирајте веднаш за

Убедливо најдобра беше Теона Поп Стојанова која постигна 29 поени и 19 скока за вкупен индекс 39.

 

Слично помина и вториот натпревар. Загреб водеше со 13:10 по првите десет минути, до полувремето Бадел ја достигна негативата, а потоа мирно го приоведе натпреварот кон крајот.

И на овој меч Поп Стојанова беше најдобар со 22 поена и 13 скока, но сега имаше конкуренција во Камелија Игњатова која, исто така, оствари дабл-дабл од 15 поени и десет скока.

По првите два турнира од ВАБА лигата, Бадел 1862 е на делба на второто место на табелата во својата група со биланс од три победи и еден пораз. Последниот турнир се игра повторно во Скопје на 17 декември, а тогаш противници на нашиот тим ќе бидат Ловќен Будуќност и Рагуза.