ПОЧЕТНА Други репрезентации МКФ ќе организира ЕП за јуниори во Б дивизија 2018

МКФ ќе организира ЕП за јуниори во Б дивизија 2018

сподели

Македонската кошаркарска федерација и в година ќе биде организатор на едно младинско првенство, потврди ФИБА. На централниот одбор (2. декември) се одлучуваше за организатори на младинските европски првенства од сите дивизии, во машка и во женска конкуренција, како и за Европското првенство за мали земји.

МКФ се пријави за учество и за организирање на првенствата до 16 години во машка и во женска конкуренција, мажи јуниори и мажи до 20 години, сите дивизија Б. Добрата репутација од досега организираните младински првенства помогна МКФ ја добие довербата од ФИБА и да биде организатор на јуниорското првенство за мажи 2018 (дивизија Б).

Првенството ќе се одржи во нашиот главен град, од 27-ми јули до 5-ти август.

Аплицирајте веднаш за

Нашите кадетки ќе се натпреваруваат во Подгорица, од 16. до 25. август. Кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б) кое што ќе биде организирано во Сараево од 9. до 18. август. Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13. јули до 22. јули.

(преземено од mkf.mk)