ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МИФТАРИ: Кошарката не се игра за судиите!

МИФТАРИ: Кошарката не се игра за судиите!

сподели

Револтиран беше тренерот на Шкупи, Енвер Мифтари откако доби исклучување на натпреварот против Струмица.

На крајот тоа излезе како шок-терапија за неговите кошаркари, но начинот на кој што ја доби санкцијата од судиите особено го заболе. Се закани дека ќе го повлече тимот од теренот, но на крајот, за доброто на кошарката се врати и Шкупи на крајот направи пресврт.

„Не е проблем дали Шкупи ќе загуби или не. Судиите мораат да сфатат дека тие не се најважни и дека кошарката не се игра за нив. Ова не е првпат да имаме вакво судење, се надевам дека нема да се повторува во иднина.

Еден од судиите кој ми ја додели втората техничка грешка буквално имаше намера да ме испровоцира. Дојде до мене и ме праша дали сакам да ме исклучи. Не ми се веруваше дека зборува такво нешто, го прашав ‘што?’, а тој ме испрати во соблекувална.

Сакав да го напуштиме теренот, но ќе направев дополнителен проблем за екипата и затоа одлучив да се вратиме. Кошаркарите на најдобар начин одговорија на теренот”, изјави Мифтари за basketball.mk.