ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МИРАКОВСКИ: Во Аеродром одиме без никаков притисок

МИРАКОВСКИ: Во Аеродром одиме без никаков притисок

сподели

Искуството на Димитар Мираковски многу пати се покажало клучно во натпреварите од големо значење за Работнички.

Кошаркарот кој во Градски Парк помина вкупно осум сезони во својата кариера памети и добри, но и лоши моменти. Работнички долго време беше во втор план во домашното првенство, но сега е во подем и како ретко кога последните години, го очекува “вечното” дерби како подобропласиран од МЗТ Скопје.

Капитенот Мираковски одиграл безброј вакви дуели, добро знае што го очекува

„Не смее да не излаже тоа што МЗТ Скопје е последнопласиран во АБА лигата. Тоа е одлична екипа, доста офанзивна и опасна и мора да одиграме феноменална одбрана ако сакаме да се надеваме на победа.

На вакви натпревари не победува подобриот, туку помотивираниот. Верувам дека тоа ќе бидеме ние на овој дуел”, вели Мираковски за basketball.mk.

За еден месец МЗТ Скопје направи целосна реконструкцијата на екипата. Работнички остана со истиот костур, а се засили онаму каде што беше најтенок – под кошевите.

Работнички се засили само таму каде што требаше – под кошевите

„МЗТ Скопје имаше многу промени во последниот период, но помина време откако се комплетираа, веќе се знаат меѓу себе и од натпревар во натпревар ќе играат се подобро.

Кај нас дојде само Кире Николовски, полесно му е да се вклопи во екипата бидејќи се знае со добар дел од нас. Сме играле заедно во репрезентацијата и мислам дека нема да има проблеми иако само 3-4 дена е на заеднички тренинзи”, додава 36-годишниот плејмејкер.

По долги години, Работнички го пречекува големото дерби како подобропласиран од МЗТ Скопје
Аплицирајте веднаш за

МЗТ Скопје доживеа два пораза во досегашниот дел од домашното првенство и двата на домашен терен. Тоа може да му направи поголем притисок на составот од Аеродром, но Мираковски ги потенцира и предностите на својот ривал.

„МЗТ Скопје има неверојатен напаѓачки потенцијал, сите можат да шутираат од далечина, освен, можеби, Јуре Лалиќ, но тој има други одлични карактеристики.

Што се однесува до нас, атмосферата во екипата е одлична, основата на тимот ја сочинуваме кошаркари кои сме подолго време во Работнички, странците одлично се вклопија, а и се наоѓаме во победничка серија. Некој ќе каже дека сме играле со послаби противници, но секоја победа е важна за кревање на самодовербата.

Победите носат самодоверба, а Работнички е со максимален ефект досега

Морам да потенцирам, каков и да биде исходот од дербито, не треба да влијае на нас затоа што сезоната е долга, ни претстојат уште многу натпревари, многу битки со МЗТ Скопје и борбата допрва почнува. Во Аеродром одиме без никаков притисок, желни да одиграме најдобро што знаеме”, заврши капитенот на Работнички.