ПОЧЕТНА НБА Милвоки останува со најдобар скор, пораз на шампионот

Милвоки останува со најдобар скор, пораз на шампионот

сподели

Адетокумбо постигна 33 поени со 19 скока и 11 асистенции, во победата на Бакс против Пејсерс со 97:107. Тоа беше неговиот 5-ти трипл-дабл сезонава.

Лилард имаше 29 поени во триумфот на Портланд против Голден Стејт со 129:107, со што беше прекината серијата од 5 победи на шампионот.

Аплицирајте веднаш за

Дјурант и Кари имаа по 32 поена за поразената екипа, која што и натаму има најдобар скор на Западот.

Тиг постигна 27 поени со 12 скока, а Таунс имаше 25 поени, во славјето на Минесота против Хјустон со 121:111.

Харден постигна 42 поена, има +30 поени на 31 меч во низа, со што ја изедначи ја втората најдолга серија во историјата, на Вилт Чембрлен.

Резултати на 14-ти февруари (ESPN)

Џејсон Татум имаше 19 поени, Гордон Хејворд еден помалку, во триумфот на Бостон против Портланд со 118:110.

Селтикс победија на 7 од последните 9 меча, Блејзерс застанаа на 4 последователни победи.