ПОЧЕТНА АБА МЗТ Скопје не го дава својот дом

МЗТ Скопје не го дава својот дом

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

И во шестиот натпревар на домашен терен во АБА 2, македонскиот вицешампион оствари убедлива победа.

Сутјеска не најде начин да ја прекине серијата на нашиот претставник во регионалното натпреварување. Во првото полувреме некако и се држеше, но во второто на теренот доминираше МЗТ Скопје и победи со 94:73.

Аплицирајте веднаш за

Всушност, црногорскиот тим имаше надеж дека може да направи изненадување до првиот напад во втората четвртина. Кога Медфорд го донесе МЗТ Скопје во водство од 22:21, тргна серијата од 15:6 по која аеродромци направија +8, а нешто подоцна направија и двоцифрена предност.

Во третиот период нашиот тим имаше и +15 (67:52), а во последниот само го дотолчи противникот кој не даваше знаци на живот. Како и на речиси сите претходни натпревари на домашен терен МЗТ Скопје ја мина границата од 90 постигнати поени, но сега прими 73 што јасно покажува на што бил ставен акцент на тренинзите.

На Андрија Бојиќ добро му дојде двонеделната пауза, па беше најдобриот играч на нашиот тим со 26 поени и 7 скока. Иванов додаде 21 поен, но треба да се истакне и ефектот на Медфорд кој заврши со 16 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Кај Сутјеска, двајца од тројцата најдобри играчи беа поранешните членови на МЗТ Скопје, Павличевиќ и Спасојевиќ кој постигнаа 19, односно 14 поени.

Со оваа победа, МЗТ Скопје го искористи киксот на Спарс и се искачи на второто место на табелата, а во следното коло (последно од првиот дел на сезоната) гостува токму кај босанскиот тим.