ПОЧЕТНА А Репрезентација МЕЧ-ВИНЕР НА ДЕНОТ: Дечко, ми личиш на Никола Карев, жими се!

МЕЧ-ВИНЕР НА ДЕНОТ: Дечко, ми личиш на Никола Карев, жими се!

сподели
fiba.basketball

Не затоа што имаш брада, со која што ги следиш светските трендови и да ти кажеме патем дека многу добро ти стои, туку затоа што комaндуваше со нашата репрезентација војводски, кога требаше и како што требаше.

Зборуваме за еден од нашите репрезентативци, за кого во минатото важеше дека е импулсивен, непостојан и дека својот неограничен потенцијал го фрла во вода, затоа што не слуша.

Ние ќе кажеме дека досега нема(ше) маж кој што може(ше) да го смири, да го насочи и да го канализира во вистинскиот правец, играчот каков што кај нас се раѓа еднаш во 30 години. Сега веќе нема што да му се зборува, само треба да се користи она што го има. Тој е зрел, има 32 години, играше во сите наши клубови и виде како е секаде, во моментов е на гурбет во Унгарија во Пакш.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Бојан Трајковски помина 32 минути на паркетот во Приштина, постигна 17 поени. Имаше шут 5/17 од поле и 2/9 за три поени. Е, тука лежи контрадикторноста, односно кошаркарската вредност на големите играчи кои што во фрагилните мооменти се издвојуваат од останатите.

Генерално, Македонија имаше ужасна реализација од 36.1% од поле, односно 27.3% за три поени. Но, моментите кога се кршеше резултатот, беа пресудни, како и на секој натпревар.

Е тогаш, нашиот Карев, поточно Леброн, најточно Трајковски, нанижа 8 поени и ни ја врати крвта во вените. Боки беше мирен, стабилен, имаше и по некој див шут, но погоди кога требаше.

fiba.basketball

Имаше 3/4 за два поена, 5/6 од линијата за слободни, 11 скока, имаше и две асистенции, имаше и само 2 фаула, една украдена топка и само две загубени. Статистика за почит.

На среќа или не, ќе видиме в недела против Романија.