ПОЧЕТНА А Репрезентација МВП: Столеее, каде се криеше досега?

МВП: Столеее, каде се криеше досега?

сподели
fiba.basketball

Го одигра мечот на кариерата во нашата репрезентација, имаше најдобра валоризација во нашиот состав, покажа стабилност и зрелост во настапот на жешката сцена.

Стојан Ѓуроски за 23 минути постигна 14 поени, со 3/3 за два поена, 2/5 за три поени што е одличен процент, 2/2 од линијата за слободни фрлања.

Аплицирајте веднаш за

Столе имаше и 5 скока, 3 асистенции и 1 украдена топка, немаше загубена. Ефикасност чиста 20-ка, колку што имаше и Бојан Трајковски.

Ѓуроски беше издвоен и од страна на ФИБА, како статистички најдобар поединец во нашиот состав, рамо до рамо со трагичарот Дардан Бериша кој што повторно беше број 1 кај неговите, но потфрли и промашуваше во решавачките моменти.

fiba.basketball

По заминувањето во Шпанија, иако е таму кратко време и во 2-та лига, сепак Ѓуроски е друг човек. Игра растоварено, го надраснал притисокот, но треба да покаже конзистентност.

Ни треба слична партија и против Романија, знаеме дека можеш!