ПОЧЕТНА АБА МАЧКА И ГЛУШЕЦ: Може ли МЗТ да одигра како Звезда?

МАЧКА И ГЛУШЕЦ: Може ли МЗТ да одигра како Звезда?

сподели
aba-liga.com

Македонскиот шампион му гостува на регионалниот фаворит Цедевита, во првиот натпревар од 10-то коло во АБА лигата, во салата „Дом спортова“ во Загреб.

Двете екипи влегуваат во ова, според квалитетот, буџетот и според меѓусебните резултати најмалку и најблаго кажано нерамноправно соочување, со различни мотиви и позадина.

Од претходните мечеви во Загреб (aba-liga.com).

МЗТ Скопје Аеродром има 5 регионални порази во низа, што е најдолга серија во тековната АБА сезона и се наоѓа на дното на табелата.

Аплицирајте веднаш за

Македонскиот шампион има 8 регионални порази по ред, вкупно 10, сите еден по друг, во 12-те натпревари одиграни против Цедевита.

МЗТ има вкупно 10 порази, сите во низа, од Цедевита (rezultati.com).

Хрватскиот шампион има 3 победи по ред, односно 7 на последните 10 натпревари комбинирано во АБА лигата, А1 хрватската лига и Еврокупот.

При последното гостување на сино-белите во хрватската престолнина, хрватските кошаркари се изживуваа со нашите, славејќи со 95:61 (+34).

Од претхдните мечеви во Загреб (aba-liga.com).

Металците ја имаат улогата на Црвена звезда, пред гостувањето во Мадрид, во 10-та рунда во Евролига.

Најавите за натпреварот се слични, скоро идентични, може ли и исходот да биде со спектакуларно сценарио?

Дуелот се игра од 17:00 часот.