ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонците доаѓаат, Американецот Грифин си заминува од Куманово

Македонците доаѓаат, Американецот Грифин си заминува од Куманово

сподели

Bаsketbal.mk дознава дека американскиот интернационалец Грифин Раме си заминува од Куманово, каде што дојде како засилување од редовите на Тирана. Тој побарал раскин на договорот и добил исписница од клубот.

Екипата од нашиот најсеверен кошаркарски град полека добива „македонизирана“ димензија, со потпишувањето на репрезентативците Бобан Стајиќ и Адем Мекиќ.

Мекиќ (лево) и Стајиќ (во темниот дрес) на последната репрезентативна прозивка.

Како што најави новото раководство на клубот, на чело со в.д. претседателот Младен Давидовиќ, стратегија на клубот ќе биде развој на млади македонски кошаркари и ангажман на поголем број наши имиња.

Аплицирајте веднаш за

Последнава деценија и повеќе, низ нашето првенство продефилираа многу странци со сомнителен квалитет, кои што не чинат цело богатство, средства со кои што сега ќе имавме далеку посилна репрезентација и далеку поброен подмладок.