ПОЧЕТНА А Репрезентација Македонија се загреваше едно полувреме, а потоа ја покажа својата моќ

Македонија се загреваше едно полувреме, а потоа ја покажа својата моќ

сподели

Македонската кошаркарска репрезентација ја исполни својата цел во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА.

Претквалификациите за Европското првенство во 2021 година ги почнавме со две победи, втората остварена против Швајцарија со 83:68. Јасно е дека противникот е далеку зад нас во однос на квалитетот, па убедливиот триумф не е никакво изненадување, туку само логичен след на настаните.

Аплицирајте веднаш за

Сепак, во дуелот со Швајцарија ни требаше повеќе ид едно полувреме да се загрееме. Во шестата минута противникот водеше со 11:6 за во следните четири минути да направиме серија од 12:1 и на пауза да заминеме со убедлива предност.

Втората четвртина ја почнавме мошне лошо, Швајцарија направија 16:5 и на средина од тој период водеа со 28:23. Повторно успеавме да се вратиме, но на полувреме имавме само минимална предност (38:36).

Изедначено беше до 40:40, а потоа дојде она што долго го чекавме. Македонската репрезентација направи серија од 14:2 и се одлепи на 54:42, разлика што Швајцарците не успеаја да ја достигнат до крајот на мечот.

Се до крајот беше само формалнсот и одработување на овој дел од претквалификациите кој треба да претставува враќање на македонската репрезентација таму каде што припаѓа – во европската кошаркарска елита.

Ричард Хендрикс повторно беше нашиот најдобар играч, постигна 21 поен и девет скока и потврди дека на него можеме и мораме да сметаме во иднина.

Следниот натпревар го играме во февруари, тогаш ја пречекуваме Словачка и можеме да ги решиме сите дилеми во врска со пласманот во следната фаза од квалификациите за Евробаскетот 2021.