ПОЧЕТНА Евролига Макаби не го дава Тел Авив, пресуди тимската игра на Олимпијакос

Макаби не го дава Тел Авив, пресуди тимската игра на Олимпијакос

сподели
euroleague.net

Гордоста на Израел успеа да го издржи налетот на литванскиот синоним за кошарката, во последните минути од натпреварот и да победи со 81:74, во 10-то коло во елитата.

Норис Кол имаше личен рекорд сезонава, 26 поени од клупата, во шестата победа на Макаби. Артурас Милакнис постигна 4 тројки во последниот период, од кои што две беа во серијата 0:10 на стартот на четвртината, имаше вкупно 19 и беше најдобар стрелец кај Жалгирис во 5-тиот пораз во 10 натпревари.

euroleague.net

Грчката екипа повторно демонстрира дека е одличен тим, славејќи на гости кај Валенсија со 64:72. Папаниколау постигна 13 поени, по 12 имаа Стрелниекс и Принтезис, а уште 7 други играчи, односно сите што влегоа во игра се запишаа во листата на стрелците.

Аплицирајте веднаш за

Ерик Грин беше најрасположен кај шпанскиот претставник, постигна 26 поени. Двоцифрен кај домашните беше уште Тибор Плеис, кој што постигна 14 поени зачинети со 8 скока.

Во следната рунда Олимпијакос (скор 8/2) го игра големото дерби со Реал Мадрид, Жалгирис игра дома со Панатинаикос, а Макаби останува на домашен паркет и ќе се соочи со Валенсија (скор 3/7).