ПОЧЕТНА А Репрезентација Магичното дуо повторно нема да игра, но имаме нов херој

Магичното дуо повторно нема да игра, но имаме нов херој

сподели

Според информациите од таборот на македонската репрезентација, составот за натпреварот со Швајцарија ќе биде истиот од гостувањето кај Словачка.

И на вториот меч од претквалификациите за ЕП 2021, нема да ги видиме Александар Костоски и Бојан Трајковски.

„Костоски се уште чувствува болки во (мускулот на ногата) листот и не сакам да ризикувам со него. Тој сигурно нема да игра против Швајццарците.

Претседателот на МКФ, Петар Наумоски (десно) со Бојан Трајковски (стои) и Александар Костоски (седи).

Трајковски се појави на прозивката, но побара одмор уште пред стартот на овој „прозорец“, да ги залечи препоните. Тоа е негов избор и ќе го почитуваме.“ – изјави селекторот Давитков.

Освен течната игра на овој „чуден“ и „скрпен“ состав, во кој што недостасува цела петорка со која што во моментов би имале претендент и за поголеми дострели од „само“ пласман на едно големо натпреварување, радува и одличниот потег за избор на странец, што се покажа вистински во вистинско време.

Аплицирајте веднаш за

„Хендрикс е супер дечко. Голем професионалец и за него имам само позитивни оценки. Одлично се вклопи во оваа наша нова концепција.“ – рече Јорданчо Давитков.

Натпреварот против Швајцарија се игра од 20:45 во големата сала во СЦ „Јане Сандански“. Вратите за овој меч ќе бидат отворени, влезот за публиката е слободен.