Убедлив пораз на македонската младинска репрезентација на стартот на Европското првенство Б-дивизија во Софија.
Летонија беше далеку подобра и триумфираше со 79:39 во меч во кој нашите кошаркари погодија само 24% од ударите од поле.
Единственото водство на натпреварот нашата селекција го имаше на почетокот и тоа од 4:0. Следуваа 12 поени по ред за Летонците кои до крајот не само што не ја испуштија предноста, туку константно ја зголемуваа до највисоките 42 разлика.
Само Ефремовски и Михајловски имаа двоцифрен ефект во македонската репрезентација, а заедно реализираа повеќе од половината поени на нашиот тим.
На вториот ден од првенство Македонија е слободна, а на третиот, на 15 јули ќе игра против Белгија.