ПОЧЕТНА НБА Кралот му враќа со тоа што „го гази“ Џордан

Кралот му враќа со тоа што „го гази“ Џордан

сподели

Во меѓусебните соочувања на Леброн и Шарлот Хорнетс, екипата на Мајкл Џордан, Џејмс има 25 победи и само еден пораз откако оваа франшиза е во сопственост на легендата.

Џордан стана првиот поранешен играч кој што е сопственик на еден член од НБА семејството, кога го откупи мнозинството акции во февруари 2010-та година.

Џејмс 2010-та потпиша за Мајами, а 2014-та година се врати во Кливленд. Последниве седум години, Леброн освои три титули (2012, 2013, 2016).

Аплицирајте веднаш за

МЏ константно го рангира ЛЏ под Коби Брајант, во изјавите што од него ги бараат медиумите, броејќи ги титулите што овие двајца ги освоиле.

„5 секогаш ќе биде повеќе од (1, 2 или) 3.“ – е фамозната реченица на Џордан, по секоја титула на Леброн.

Ќе потсетиме дека играч со најмногу трофеи во НБА лигата е Бил Расел кој што освои 11 пехари во неповторливата доминација на Бостон Селтикс, а Мајкл Џордан има 6 прстени во слична доминантна ера на Чикаго Булс.