ПОЧЕТНА ЕВРОПА Кралевите во последниот период визираа полуфинале против сензацијата

Кралевите во последниот период визираа полуфинале против сензацијата

сподели
acb.com

Реал Мадрид (лидер во АЦБ лигата) се освести во четвртата четвртина (25:18) за победа против Уникаха (5 место во АЦБ) со 89:84 и пласман во полуфиналето на шпанскиот Куп.

Кампацо ги погоди последните две слободни на мечот, имаше 18 поени и беше најдобар стрелец кај победникот. Дончиќ имаше 11 поени, а кај поразените капитенот Суарез 17 поени.

Претходно, Тенерифе (9 место во АЦБ) сензационално го совлада актуелниот шампион на Шпанија, Валенсија (2 место на табелата во АЦБ лигата) со 72:79.

Во другите четвртфинални натпревари со среќаваат Гран Канарија и Фуенлабрада, односно Басконја и Барселона, дуели од кои што ќе се добие двојката во другото полуфинале.