ПОЧЕТНА Интернационалци Костоски на врвот во Романија

Костоски на врвот во Романија

сподели
totalbaschet.ro

Нашиот репрезентативен организатор на играта имаше 2 поена и 6 асистенции, за 18 одиграни минути во триумфот на неговата екипа Питешти против Јаши, со 78:68.

Тимот на Александар Костоски има 6 победи и 1 пораз по 7 одиграни натпревари во романскиот шампионат и се наоѓа на делбата на првата позиција на табелата.

Костоски не играше за националниот тим на мечевите со Словачка и Швајцарија поради повреда на листот, која што е санирана и тој се враќа во полна форма за останатиот дел од сезоната.